По повод големиот христијански празник Божиќ на 60 семејства во социјален ризик од Охрид и Дебрца им беа доделени хуманитарни пакети со прехрамбени производи и средства за хигиена.

Празниците се моменти на среќа, моменти кои ги обединуваат семејствата, моменти кои треба да не прават сите среќни. Токму тоа беше и идејата на организацијата на „Зимска бајка“ заедно со соработниците Лајонс клубовите и општетствено одговорните компании, да обезбедиме во рамки на можностите со дел од средствата од влезниците кои беа за хуманитарни цели од манифестацијата, но и со донации од компаниите, хуманитарни пакети за социјално најзагрозените семејства од Охрид. Се разбира дека не можеме да ги опфатиме сите, но веројатно ќе поттикнеме и други чинители да го направат истото, а се со цел сите да бидат среќни за Божиќните празници, вели организатор на „Зимска бајка” и член на Лајонс клубот Лихнидос, Горан Момироски

Дел од хуманитарните пакети се поделија денес на семејставата, додека на уште еден број на семејства пакетите ќе им бидат доставени дома, бидејќи станува збор за лица кои неможат да се движат. Голема благодарност до сите кои учествуваа во оваа акција пред Божиќните празници и апел до сите наши хумани граѓани и општествено одговорни компании кои можат да се вклучат да помогнат на навистина големиот број на социјално загрозени семејства кои живеат овде и кои се повеќе имаат проблеми со опстанокот, вели претседателот на Црвен крст Охрид, Сашо Точков.

Н.С.Ј.















