Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги и прекурсори‘‘, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 25-годишен охриѓанец.

-На втори мај оваа година околу 06 часот и 20 минути, пријавениот се обидел да им избега на полициските службеници кои пристигнале пред неговата куќа на улицата „Абас Емин“ во Охрид. По судска наредба, полициските инспектори требало да извршат претрес во домот и патничкото моторно возило на пријавениот.Тие, во моментот на пристигнување, го забележале лицето како по пиџами излегува од балконот од  вториот кат и притоа исфрла четири пластични опаковки со опојна дрога кокаин. По кратко време, се прекачил на покривот од хотелот во близина на неговата куќа и прескокнал на фрижидерите од блиската продавница,информира портпаролот на СВР Охрид,Стефан Димоски.  

Пријавениот набрзо бил приведен, опаковките со кокаин се одземени и предадени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје. Дрогата била наменета за натамошна продажба на наркозависници.

Пријавениот е познат сторител на кривични дела против кого и досега биле поднесувани кривични пријави.

OhridNews