Поучени од негативното искуство, кога пред неколку месеци беа украдени железни вратници од куќиште во кое се чуваат струјомери во станбена зграда, надлежните од ЕВН одлучија да ги заменат со дрвени.


И покрај тоа што во тек е забраната за откуп на старо железо, очигледно е дека надлежните од ЕВН одлучиле превентивно да делуваат со цел да не се повтори кражбата.


Како што беше неодамна изјавено од министерството за животна средина и просторно планирање, забраната за вршење внатрешен промет, откуп и извоз на отпадоци и остатоци на производи од железо, челик, алуминиум, бакар, олово, цинк, калај, бронза и месинг, која стапи на сила во март, ќе се укине кога ќе се видат резултатите од мерките што Министерството за животна средина и просторно планирање ги предложи до Владата, со кои треба да се намалат кражбите на предмети од јавен интерес.

За да се тргне забраната се очекуваат конкретни резултати- да се намалат кражбите, отпадите да се однесуваат според законите, да соработуваат со државните органи со цел материјалите кои се забранети за откуп да не се откупуваат понатаму.

МЖСПП по барање на Асоцијацијата на секундарни суровини при Стопанската комора на Македонија предложи построг надзор од државните институции, не само од државниот инспекторат за животна средина, туку од сите инспекторати, поригорозни мерки околу добивање на дозволата за отпад, при аплицирање да имаат банкарска ганација за добивање дозвола за откупување отпад со цел доколку се нанесе некоја штета на јавниот интерес Министерството да може да ја надокнади од тој фонд.

OhridNews