Со новиот начин на пресметка на давачки за хонорарите, кој важи од први јануари годинава, за да се земе хонорар над минималецот од 9.590 денари, треба бруто-хонорарот да биде над 230 евра, пишува „Вест“. Управата за јавни приходи вчера на својата Интернет страницата објави калкулатор за пресметување на персоналец и придонеси.

“Граѓаните може да го отворат калкулаторот и во зависност од тоа дали во договорот им стои бруто или нето-износот, има две табели преку кои може да се утврди основицата за пресметка на придонеси за договори за дело, авторски и друг вид договори”, објаснуваат од УЈП.

Пресметката покажува дека хонорарец со договор за дело, на бруто-износ од 14.100 денари, ќе земе исто колку и оној кому газдата му дава хонорар од 9.479 денари. На пример:

БРУТО-НАДОМЕСТОК 14.100
ПЕРСОНАЛЕН ДАНОК 1.053
ПРИДОНЕС ЗА ЗДРАВСТВО 1.029
ПРИДОНЕС ЗА ПЕНЗИСКО 2.538
НЕТО-ХОНОРАР 9.479

Ако газдата му исплати хонорар на работникот од 9.479 денари, тогаш затоа што износот е под минималната плата за годинава, нема обврска за плаќање придонеси туку само за персоналец.

“Хонорарецот ќе земе исто, но на газдата, во случајот со повисокиот хонорар, му остануваат да плати плус 3.467 денари на име придонеси”, е став на еден работодавач.

Притоа за хонорарецот, сепак, не е исто, зашто во случајот на понискиот хонорар не му тече пензиски стаж.

OhridNews

Извор:„Вест“