-Косово има Национален механизам за упатување на жртви кој што е формиран во 2008-та година и е под одговорност на Министерството за внатрешни работи. Тој претставува рамка за соработка помеѓу различните министерства и невладините организации, со цел да им обезбеди заштита, реинтеграција, враќање и социјална инклузија на жртвите. Исто така тој механизам предвидува воспоставување на билатерални односи со Албанија, ФИРОМ и Србија. – рече во своето излагање Рушити.
Сепак откако новинарите ја запрашаа: Дали знае во која држава се одржува конференцијата на која учествува и зошто ја ослови нашата земја со ФИОРМ?, таа се извини.
Организаторите на конференцијата, Центарот за граѓанска иницијатива од Прилеп, не сакаа да го коментираат случајот, напоменувајќи дека целта на собирот е да се презентира проектот „Граѓанските организации како контролен механизам за акции против трговија со луѓе во Западен Балкан“ и не сакаат да се мешаат во политички прашања.