Од локалната самоуправа најавуваат богата забава за дочекот на Новата Година на градскиот плоштад.За дневната забава од 12 до 20 часот ќе се погрижи диџеј Аце. Од 20.30 до 21.10 часот охриѓани ќе уживаат со староградските песни во изведба на охридскиот Ансамбл –„Билјана Јуниор“, од 21.10 часот до 21.50 ќе настапи познатата македонска група „Комас бенд“,а од 21.50 до 22.30 присутните на градскиот плоштад ќе имаат можност да го проследат настапот на младата охридска музичка ѕвезда Боби Мојсовски,по што ќе следи настапот на Викторија Лоба.

Забавата со познатите рефрени на македонската музичка ѕвезда Калиопи ќе започне од 23.15 и ќе трае до 1 часот по полноќ.

– Со радост и задоволство ќе пеам во Охрид за Новогодишната ноќ. Во придружба на мојот бенд, со целовечерен концерт и своите најголеми хитови ќе ги забавуваме охриѓани и гостите на градот. Оваа е градот во кој сум родена и токму затоа на мојот роденден ја соопштуваме оваа вест. Охрид, се гледаме наскоро! – изјави Калиопи Букле.

OhridNews