По повод христијанскиот празник Св. Наум Чудотворец, граѓаните и туристите во Охрид годинава традиционално ќе имаат единствена можност да пловат до манастирскиот комплекс по исклучително симболична цена.
Бродови „Александрија“ и „Галеб“ на 2-ри јули четврток организираат празнично вечерно патување по промотивна цена од само 300 денари за повратен билет. Поаѓањето е од градското пристаниште во 19:00 часот.
Поради преголем интерес и ограничени места, продажбата на билети започнува ден претходно на 1-ви јули (среда) на пристаништето, по принципот „прв дојден, прв услужен“ (нема резервации, туку исклучиво лично купување на лице место).
OhridNews












