Редовниот возен ред на АД „Галеб“, за Новогодишните и Божиќните празници ќе биде надополнет со уште неколку автобуски линии кон Охрид. Оваа практика се применува веќе неколку години, а се должи на зголемениот интерес од страна на туристите, за посета на Охридската ривиера.



-Годинава иако интересот е можеби малку помал, во однос на минатата година, веќе имаме нарачка за три екстра автобуси на релација Белград – Охрид, пред новогодишните празници, кои се продадени. Исто така на линијата Охрид – Скопје – Охрид, очекуваме да бидат ангажирани од дваесет до триесет автобуси, повеќе,  во рамки на редовните линии.-вели Димитар Василески, директор на АД „Галеб“ – Охрид.

За сите подетални информации околу дополнетиот возен ред на автобусите,  ќе може да се добијат на Автобуската станица во Охрид или на телефон 046/260-339.

Ohridnews