Прославата по повод поканата на Република Македонија за членство во НАТО и по повод утврдениот датум за преговори за членство во ЕУ, реализирана на 14 јули 2018 година во 15 градови низ државата, се организираше врз основа на Одлука и заклучоци од редовна Седница на Владата на Република Македонија, одржана на 10.07.2018 година, се вели во денешното соопштение на владата.

  • Организацијата на целиот настан, обезбедувањето на соодветна техника, озвучување, осветлување, бини, редари, технички персонал, сценска опрема, ангажман на 40-тина изведувачи коишто настапија во 15 градови ширум Македонија, транспорт на опрема и технички персонал, промоција на настаните, графички и визуелни решенија и активности за промоција, а се вкупно со сите ставки чини 11.900 евра по град или вкупно 179.500 евра за прославата„Одиме напред – Македонија во НАТО и ЕУ“ во сите градови, се наведува во соопштението.

Во него се додава дека Владата ангажирала исклучиво домашни изведувачи со кои биле склучени авторски договори за уметнички трудови, односно за музичко-сценски изведби, а изборот на градови беше определен согласно рамномерна географска застапеност.

  • Трошоците за организацијата на настаните се скромни, по нормални пазарни цени. За промоцијата на настаните не се потрошени средства за реклами во медиумите, ниту пак се потрошени било какви средства за организиран превоз на публика од едни во други градови, велат од Владата.

OhridNews