Полицискиот час вечер нема да важи и граѓаните ќе можат слободно да се движат, со почитување на мерките за заштита-носење маска и држење дистанца. Ова е исклучок само за празникот Велигден и ограничувањето на движењето продолжува утре од 21 час до 05 часот.
Согласно одлуката на Владата од 27 април, со цел справување со пандемијата на КОВИД-19 на територијата на државата беше воведен полициски час од 21 часот до 05 часот, следниот ден, со исклучок за претстојните верски празници, Велигден и Рамазан Бајрам. Согласно тоа полицискиот час нема да важи од 1 кон 2 мај и на 12 кон 13 мај.

Полицискиот час во текот на изминатиот ден не го почитувале 70 лица и биле регистрирани и 553 прекршоци за неносење заштитна маска.
Од МВР апелираат до граѓаните да се почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел заеднички придонес во борбата против Ковид-19.
Владината одлука со која што се ублажија рестриктивните мерки, овозможи и работа на терасите на угостителските објкети, кои претходно беа целосно затворени, но до 20.30 часот.
OhridNews











