Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со зголемена облачност во текот на денот и со услови за краткотраен локален дожд во источните делови. Во Охридскиот регион стабилно и со температура до 33 степени Целзиусови. Индексот на УВ зрачење ќе биде висок и ќе изнесува 9, информира УХМР.

За време на викендот ќе се задржи сончево и уште потопло време. Во Охридско миниманлата температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе се искачи до 34-от степен.

До среда, 14 август, ќе се задржи сончево и многу топло време. Ќе биде активирано жолто, а во некои подрачја и портокалово ниво за опасност од високи температури и УВ зрачење.

OhridNews