Во организација на движењето „За Заедничка Македонија“, денеска ќе се одржи нов протест во Охрид.
Според најавите протестот ќе започне во 17 часот од плоштадот кај поранешен мини маркет.
Движењето „За Заедничка Македонија“ се противи на платформата на политичките партии на Албанците со која, според нив, се предвидува воведување двојазичност на територијата на целата држава и други законски измени кои го загрозуваат унитарниот карактер на државата.
Според активистите на движењето „За Заедничка Македонија“, протестите нема да запрат и во случај да се формира нова влада меѓу СДСМ и албанските партии.
Протести денеска се најавени во повеќе градови.
OhridNews












