Бројни настани, живи свирки и настапи бикендов во охридските угостителски објекти ќе бидат во знакот на виното и љубовта.

Забавата почнува преток после работа во Бистро Корнер каде од 17 часот настапуваат Лазар и Димитар.

Денот на виното и љубовта ќе го одбележи неодамна отворениот специјализирант вински бар “Fresci del Lago”, во ТЦ Амам на 2 кат. Таму на празникот Св. Трифун, 14 февруари, настапува Јован Куцин.

Забавата почнува во 21.30 часот.

Во петок, 14 февруари, во „Куба Либре“ празнична забава со Ѓоко Танески.

Забавата почнува во 22 часот.

Вечерта на 14 февруари, подгответе се за вистинско уживање за сите сетила со специјалната романтична понуда на „Скај Корнер“. Шише од специјалното вино Темјаника на винаријата „Наумчеви“ ќе чини само 690 ден, а италијанското пиво „Перони“ 80 ден, додека целото мени за храна ќе биде на попуст од 10 %! За уживањето да биде комплетно ќе се погрижи групата „Евергрин“.

Забавата почнува во 22 часот.

За Денот на винотo и љубовта, на празникот Св. Трифун, „La Fabrique“ подготви вистинско изненадување за сите романтични души. Вечерта на 14 февруари во „La Fabrique“ настапува Кирил Нически, кој акустично ќе ги изведе најубавите балади.

За уживањето да биде комплетно, „La Fabrique“ подготви примамливо празнично мени: Вино 0,85 + млечна даска за двајца= 999 ден.

Денот на виното и љубовта, 14 февруари, на посетителите во „Аквариус“ ќе им го разубави одличната музичка комбинација на бендовите „Броз“ и „Билјана“.

Забавата почнува во 22.30 часот.

За празникот на виното и љубовта, ресторан „Чун“ подготви пријатно изненадување за посетителите. На Св. Трифун, 14 февруари, како и сабота, 15 февруари, целото мени во ресторанот со уникатен поглед на Охридското Езеро, е на попуст од 20%! За уживањето да биде комплетно ќе се погрижи музика во живо.

Во сабота, 15 февруари, во организација на средношколците од градот, во клубот „Awake“, ќе се одржи голема хуманитарна забава за помош на Ивана, Сандра и Ева, три млади девојки од Охрид на кои им е потребна помош за лекување од тешки болести.

Хуманитарната забава на која ќе настапат Dj Gec & Dj Jovan, почнува во 21 часот.

На 15 февруари, сабота, во „Куба Либре“ настапува „Игуана бенд“.

Забавата почнува во 22 часот.

Оваа недела, 16 февруари, во „Скај Корнер“ љубителите на добрата храна ќе можат да уживаат во извонредно подготвен неделен ручек:

Туршија салата
Крем супа од карфиол
Јунешки мускул во сос и кремаста палента
Крем бруле

Во недела, 16 февруари, пак,  во Бистро „Корнер“ уживање со староградака музика.

Забавата почнува во 20.30 часот.

Забавата викендов во Охрид во знак на виното и љубовта

OhridNews

 

 

 

.