На 25 март во 1860 година на традиционалниот конкурс за поема, што се одржа во Атина, македонскиот писател Григор Прличев доби ловоров венец за поемата “Сердарот”.

За жал 147 годишнината од овој исклучително значаен ден за македонската литература, култура и историја минува речиси незабележано. Големиот успех на Прличев го заборавија и централната и локалната власт.

Наместо денот кога Григор Прличев за “Сердарот“ ја доби наградата на конкурсот во Атина, се одбележува 6 февруари, денот на смртта на големиот поет и преродбеник, кога во Охрид традиционално се одржуваат “Прличевите беседи“. Меѓутоа и оваа манифестација од година во година го губи сјајот и не ја ужива потребната подршка од ресорното министерство и другите релевантни институции.

Во најмала рака имаме чуден однос кон минатото и општоцивилизациските вредности и оттаму не е изненадување што соседите отворено ја негираат нашата историја и постоење и си ги присвојуваат успесите на големите македонски мислители, дејци и револуционери. Прличев не заслужува ваков однос од никого, најмалку од нас охриѓани.

Плачам тътнет Галешник народным.
 
Кто зло вас, братие, постигло?
  Иль плоды вам град побил немирный, 
   иль стада вам звере потребили? 
    Ни плоды нам град побил немирный,
     ни стаса нам звере потребили,
      нь сгубили люты арнауты 
       наша слава Кузмана Сердара,
        десна ръка Джеладимбегова,
         и нам тъпчят скверными ногами
          гъсты горы, прежде непристъпны.
           Така с рыданъем инвари вещали
            и жены их драпали си лица 
             с писком….

Горан Момироски