Поради зголемената опасност од појава на шумски пожари, а согласно препораките на Владата на Република Северна Македонија и во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, се воведува забрана за движење во шумите на територијата со која управува Јавната установа Национален парк Галичица без претходна најава и одобрение.

Забраната ќе биде во сила од 1 јули до 31 август.

Во овој период, движењето низ шумските подрачја ќе биде дозволено исклучиво согласно пропишаните правила и процедури на ЈУ Национален парк Галичица. Овие мерки се воведуваат со цел да се заштити природното богатство на паркот, да се намали ризикот од појава и ширење на шумски пожари и да се обезбеди безбедност за сите посетители, велат од Установата.

Воедно, информираат дека посетителите треба да ја пријават посетата електронски на линкот по што ќе добијат автоматска е-мејл потврда, која треба да ја зачуваат и прикажат на овластено лице доколку биде побарана.

OhridNews