Поради зголемена опасност од појава на пожар во наредниот период, како и според Законот за шуми, од ЈУ Национален парк Галичица соопштуваат дека во рамки на паркот е забрането палење на оган, фрлање на догорчиња и други причинители на пожари на отворен простор. Чуварската служба на ЈУ Национален парк Галичица, против оние кои нема да ја почитуваат забраната ќе преземат мерки согласно законот.

Од НП Галичица на сите посетители им посакуваат пријатен престој во националниот парк, со молба да не ги уништуваат природните вредности.

OhridNews