Продолжуваат градежните активности за реконструкција на улицата „Македонски Просветители“. Од понеделник како што информираат од Општина Охрид се забранува паркирање на дел од улицата.
Се известуваат сите учесници во сообраќајот дека од 18.04.2022 година (понеделник), се забранува паркирање и запирање на паркинг просторот на улица „Македонски Просветители“ од пресекот со улица „Димитар Влахов“ до пресекот со улица „Даме Груев“, поради изведување на градежни работи, велат во соопштението.
Исто така се упатува молба до сите пешаци за зголемена претпазливост. Останатите делови од улицата и околните улици ќе функционираат согласно веќе воспоставениот режим на сообраќај, додаваат во соопштението од Општина Охрид.
OhridNews












