Забраните за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража, како и на патниот правец Битола – Ресен преку планинскиот превој Ѓавато, се укинати. Укината е и забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Маврово – Дебар.
Планинскиот превој Буково утрово

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по влажни коловози на места со остатоци од кашест снег на коловозот. Снег врне на П.Шапка, во Павлешенци, Делчево и Смојмирово.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

OhridNews