На патниот правец Кичево – Гостивар преку планинскиот превој Стража поради интензивни врнежи од снег од 04:50 часот утрово е воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила, информираат од АМСМ.

Забрана за тешки товарни возила е воведена и  на патниот правец Маврово – Дебар од 03:45 часот.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместa влажни коловози. Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат на планинскиот премин Стража и во Маврово.

OhridNews
Фото: Aрхива