Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, на некои повисоки места има остатоци од кашест снег на коловозот, информираат од АМСМ.

Снегот предизвика проблеми на патиштата во западните делови од земјава

Граѓани кои утринава патуваат од Охрид до Скопје велат дека сообраќајот се одвива во отежнати услови поради снежните наноси. Возачите на овој патен правец се соочиле со снежни и неисчистени коловози и апелираат на внимателност.

Коловозот на превојот Стража утрово

Од утрово е воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Кичево- Охрид преку планинскот премин Пресека. Како што информираат од АМСМ, забрана за сообраќај на тешки товарни возила има и на планинскиот премин Стража, на патниот правец Гостивар – крак Маврово – Дебар, а од синоќа е воведена забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Тетово – Попова Шапка. Од 9:40 минути утрово е воведена забрана за тешки товарни возила и на  патниот правец Битола – Ресен преку планинскиот премин Ѓавато. За останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема.

 

 

OhridNews