Вечерба воведена е забрана за патнички возила воведена за движење на планинскиот премин Ѓавато. На патниот правец Тетово – Попова Шапка воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила и автобуси. Забрана за тешки товарни возила има и на патните правци Струга – г.п. Ќафасан, Струга – Дебар, крак Маврово – Дебар, крак Стража – село Колари – Кичево, како и на планинските премини Пресека, Буково и Ѓавато, соопшти АМСМ.

Сообраќајот на патниот правец Маврово – Дебар, кој беше во прекин поради падната лавина, се одвива по една коловозна лента.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Врнежи од снег има во Тетово, Попова Шапка, Гостивар, Стража, Маврово, Прилеп, Охрид, Струга, Ресен, Крушево, Кичево, М.Брод, Буково, Ѓавато, Плетвар, Пресека и Железнец. 

Поради појава на магла видливоста е намалена до 100м на планинскиот премин Стража.

Поради отстранување на одрони во близина на с. Истибања сообраќајот на патниот правец Кочани- Македонска Каменица е во прекин, се користи алтернативен пат Кочани-Виница-Драгобрашта-Бигла-Македонска Каменица. 

OhridNews