Во врска со утрешното прославување на големиот верски празник Богојавление-Водици Секторот за внатрешни работи од Охрид ќе преземе низа оперативни и превентивни мерки  за безбедно одвивање на оваа сенародна манифестација.
 
Целта на целокупните активности е одржување на стабилна безбедносна состојба на подрачјето и безбедно одвивање на предвидените организациски активности  за достојна прослава на верскиот празник, соопшти СВР Охрид.

За време на прославувањето на кое се очекува присуство на повеке илјади гости од земјава и странство, СВР Охрид ќе презема низа превентивни мерки за непречено одвивање на манифестацијата. Дел од активностите предвидуваат посебно уредување на сообраќајот на улиците што водат кон централното градско  подрачје.

Ohridnews