Државата е во војна со дрвокрадците и нелегалните продавачи на огревно дрво кои со години ги пустошѓат македонските шуми. За само два дена, во две одделни акции на надлежните служби, пресечени се канали за нелегална сеча и дистрибуција на огревно дрво во Дебрца, охридско.

Во текот на вчерашниот ден, во атарот на с.Црвена Вода во м.в. „Орли врв“, при контрола на Шумската полиција од Охрид и шумочуварската служба при П.С.С „Галичица“ Охрид, откриена е бесправна сеча на поголема количина букови стебла обработени во должина од 1 метар, подготвени за транспорт.

Од страна на Шумската полиција записнички е констатирана бесправната сеча и со службена потврда одземени се 44 м3 букови огревни дрва, кои се предадени во стовариштето на П.С.С. „Галцица“.

Против сторителите ќе биде поднесена соодветна пријава, најави Шумската полиција.

Претходно, исто така на местото „Орли врв“ во Црвена вода, надлежните служби затекнаа три лица од струшко Мислодежда во бесправна сеча на околу 15 метри просторни дрва, како и седум коњи натоварени со дрва.

По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена кривична пријава.

Г.М.