Недонесувањето одлука на состанокот во Брисел е пораз за идејата на ЕУ, но во исто време е потврдено во изјавата на претседавачот, германскиот министер за европски прашања Михаел Рот дека до декември постојат уште можности, објави денеска премиерот Зоран Заев на Фејсбук.

Tреба да продолжиме во духот на дијалог, а не низ конфликти, да дојдеме до решение, наведува Заев во фејсбук-објавата.

Тој потенцира дека во вакви ситуации „е многу лесно да се удираме во гради, но нашата намера е да бидеме рационални и да ги придвижиме работите според очекувањето на нашиот народ, а тоа е да чекориме и понатаму кон ЕУ“.

OhridNews