Денес е историски ден, заедно напишавме историја. Со двотретинско мнозинство зачекоривме кон западните сојузи. Македонија ќе биде дел од ЕУ и НАТО. Со оваа историска одлука нашиот пристап во НАТО ќе продолжи и в година ќе почне процесот за ЕУ“, рече премиерот Зоран Заев на прес-конференцијата што ја одржа гласањето во македонското собрание при што 80 пратеници гласаа ЗА одлуката за пристапување кон уставните измени.
Заев упати благодарност до секој пратеник што ги поддржал уставните промени, а како што рече, особено до храбрите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата што се ставиле над партиските интереси и покрај притисокот на раководството.
„Граѓаните се гордеат со вакво Собрание. Бидете сигурни дека како премиер давам збор дека ќе ја гарантирам безбедноста. Ја изградивме државотворната коалиција. Заедно ќе ги усогласиме амандманите и заедно ќе работиме на националното обединување, рече Заев.
Премиерот додаде дека имало и други пратеници, кои начелно даваат поддршка, но не гласале „за“, но дека постои можност процесот да заврши и со 120 гласа „ЗА“.
OhridNews