Претседателот на државата Стево Пендаровски, најави дека утре – 13 август 2020 година, четврток, во 12:00 часот, мандатот за состав на Влада ќе му го довери на Зоран Заев, претседател на СДСМ и пратеник во Собранието на Република Северна Македонија.

 

Зоран Заев, во име на коалицијата ,,Можеме”, којашто има освоено најголем број пратенички мандати во Собранието, го информираше претседателот Пендаровски за преговорите со повеќе партии за обезбедување на неопходното мнозинство во Собранието за избор на владата. –  соопшти Кабинетот на претседателот Пендаровски.

Г.М.