Премиерот Зоран Заев и лидер на владејачката СДСМ ја прифати поканата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за телевизиски дуел. Терминот и медиумот допрва ќе треба да се договорат, пренесува тв Телма. 

Мицкоски доцна синоќа по седницата на Централниот комитет  на ВМРО ДПМНЕ соопшти дека ја прифаќа поканата на Заев за тет а тет средба, но само пред очите на јавноста.

Најавениот ќе биде прв дуел на лидери на партии после 20 години. Последниот беше во 1998 година меѓу тогашните претседатели на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, Бранко Црвенковски и Љубчо Георгиевски.

На 2 јуни ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи голем протестен собир пред Владата.

OhridNews