Конечно имаме право, ги имаме сите причини да добиеме одлука за почеток на прегоговите со ЕУ, да ги отвориме и поглавјата и фондовите, да ги поддржиме компаниите но и младите. Затоа тргнавме со ваква политика, затоа ги решававме односите со соседите, порача претседателот на СДСМ и премиер,Зоран Заев на денес одржаната, прва граѓанска трибина „На прав пат“ во Штип.

Заев истакана дека сега се отворени перспективи за сите граѓани.

  • Никој повеќе не не негира како земја, признаени сме од целиот свет. Во седиштето на Европската унија говорев на македонски јазик, признаен од цел свет. Личната карта си ја обезбедивме. Конечно си имаме имотен лист, си имаме држава, која нашите дедовци се бореле, и тоа по мирен пат, рече Заев.

Како што додаде, доволно биле 30 години тапкање во место и дека конечно земјата е модерна држава идна членка на ЕУ и НАТО во која има напредок, квалитетно здравство и образование, неселективно владеење на правото, во која парите завршуваат кај граѓаните.

На трибината, освен Заев, учествуваа и потпретседателката на СДСМ Мила Царовска и претседателот на комисијата за транспорт и врски Благој Бочварски.

OhridNews