Премиерот Зоран Заев објави дека после една година поготовки, почнуваат работите на санација на колекторскиот систем во охридско-струшкиот регион за прочистување од наслагите и корењата од дрвјата и рехабилитација на цевководот на колекторот. За оваа намена се обезбедени 4,2 милиони евра од Буџетот.

Тој кажа дека дополнително ќе се поправат или ќе бидат заменети сите редуктори на сите 18 препумпни станици, ќе се санира целиот систем за прочистување на отпадните води во пречистителната станица и ќе се изврши комплетно чистење на атмосферската и канализационата мрежа во должина од околу 300 километри во Охрид и Струга.

Премиерот Зоран Заев истакна дека после една година поготовки, почнуваат работите на санација на колекторскиот систем во охридско-струшкиот регион за прочистување од наслагите и корењата од дрвјата и рехабилитација на цевководот на колекторот. За оваа намена се обезбедени 4,2 милиони евра од Буџетот.

Тој кажа дека дополнително ќе се поправат или ќе бидат заменети сите редуктори на сите 18 препумпни станици, ќе се санира целиот систем за прочистување на отпадните води во пречистителната станица и ќе се изврши комплетно чистење на атмосферската и канализационата мрежа во должина од околу 300 километри во Охрид и Струга.

  • Лошата изведба во некои делови, како и негрижата и неодржувањето на сите сегменти на колекторскиот систем за прочистување на отпадните води создадоа сериозна еколошка опасност за Охридското Езеро и за приодните убавини и реткости во неговото опкружување.Од стручната анализа на една јапонска компанија во 2014 година, направена со роботизирана технологија, констатирано е дека на неколку места колекторот речиси и да не постои заради лошата изведба и неодржувањето на бетонскиот цевковод. Во поголем дел колекторот е запушен или слабо пропустлив заради насобрани наслаги од отпад и заради корења на дрвја, исто како и атмосферската и канализационата мрежа. Од 18 препумпни станици само една или две работат повремено, а самата пречистителна станица е речиси без функција бидејќи не се сервисирале и не се заменувале дотрајаните делови. – рече Заев.

Тој обвини дека сознанијата за последиците од оваа состојба биле познати со години наназад, но ништо не било преземено.

Дејан Николовски, советник на Заев, истакна дека наместо да работат, компаниите во чија надлежност било и одржувањето и функционирањето на колекторскиот систем во охридско-струшкиот регион само го трупале долгот којшто достигнал 1,2 милијарди денари, не ги наплаќале долговите кои достигнале висина од 850 милиони денари и ги пренаменувале парите на други дејности само не во функција на редовно и одржливо работење на системот што ги чисти отпадните води што завршуваат во езерото и во реката Црн Дрим.

  • Најлоша констатација е дека се немало сенс да се санира катастрофалната состојба со колекторскиот систем, да се издвојат 4,23 милиони потребни за да се решат овие проблеми. Користени се за разни намени, за фасади и споменици, но не и за решавање на овој проблем. – рече Николовски.

Директорот на ЈП Колекторски систем Владимир Алексијоски рече дека благодарение на Владата на РСМ, којшто ги поддржа сите иницијативи на ЈП Колекторски систем од основањето на почетокот на оваа година, за една година овозможи да се започне со санација на колекторскиот систем за прочистување на отпадните води и фекалните води во Охрид и Струга.

  • Наредната туристичка сезона ќе отпочне без тековните проблеми со кои се соочивме. Со средствата издвоени од Владата на Северна Македонија ја започнавме постапката за санација на колекторскиот систем. Сите точки каде што имавме целосно запушување на цевководот ќе бидат пробиени и ставени во функција. Со технологијата „цевка во цевка“ ќе се подобри протокот на фекалните води, ќе се изврши санација на редукторите на препумпните станици, за да се обезбеди целосно пренесување на фекалиите до пречистителната станица која повеќе од една година воопшто не функционираше“, информираше директорот на ЈП Колекторски системи Владимир Алексијоски.

OhridNews