По вчерашната средба во Подгорица на премиерот Зоран Заев со претседателот на Владата на Република Црна Гора, Душко Марковиќ, беше кажано дека Македонија, Црна Гора и Босна и Херцеговина прават уште еден чекор напред во регионалната соработка преку прифаќање на иницијативата на Заев за реализација на идејата за авионска линија на релација Скопје – Подгорица – Сараево.

– Усогласен е текстот помеѓу Република Македонија, Република Црна Гора и Република Босна и Херцеговина, заедно со нашите кабинети, и ние како претседатели на владите, текст што ќе биде испратен до сите авионски компании што работат овде во овој регион за да испратат понуда за воспоставување авионска линија на релација Скопје – Подгорица – Сараево и обратно, за да можеме ова важно прашање конечно да го решиме. Веруваме дека сето тоа ќе овозможи нови економски перспективи, но и на секаков друг вид соработка, туристичка, културна соработка, соработка во областа на спортот, на образованието и од сите други аспекти на секојдневниот живот на граѓаните, изјави Заев.

OhridNews