Премиерот Зоран Заев потпиша неотповиклива оставка. Од Собранието информираа дека претседателот Талат Џафери ја примил оставката и дека во текот на денот ќе закаже седница за избор на техничка влада.

Согласно договорот од Пржино, во Законодавниот дом ќе треба да се изберат технички министри кои ќе работат на спроведување на изборите. Договорот предвидува премиерот да се повлече од функцијата 100 дена пред изборите од датумот на одржување, а тоа значи дека изборите треба да се одржат на 12 април.

Со изборот на Оливер Спасовски, кој е предлог на СДСМ за технички премиер, претседателот Стево Пендаровски треба да му даде мандат за вршење на функцијата.

Во преодната влада ќе бидат и Мила Царовска, која ќе биде вицепремиер за економски прашања, Славјанка Петровска ќе биде заменик-министер во МВР, а Санела Шкријељ во Министерството за труд и социјална политика.

ВМРО-ДПМНЕ ќе го земе Министерството за внатрешни работи, каде, пак, технички министер ќе биде Наќе Чулев. Техничка министерка за труд и социјална политика ќе биде Рашела Мизрахи, а Гордана Димитриеска-Кочоска е кандидат за заменик-министер за финансии. Министерството за земјоделство ќе го раководи Цветан Трипуновски, а министерка за информатичко општество и администрација ќе биде Невенка Стаменковска-Стојковски.

OhridNews