Подгoтвени сме за име со географска одредница, изјави премиерот Зоран Заев на прес конференцијата со евроамбасадорот Жбогар, што се одржа денеска, по повод извештајот на ЕУ за интеграциските процеси и перспективите на Западен Балкан.

-Ние сме подготвени за географска одредница и тука ќе застанам, затоа што прашањето е суштествено и треба да дадеме шанса низ преговорите во наоѓање на решение. – рече Заев.

Тој изрази оптинизам дека ќе биде достогнат договор за сите аспекти од спорот, посочувајќи дека некои решенија во меѓународните односи кои веќе се применуваат како Мк, Мкд и слично се добра основа за продолжување на преговарачкиот процес кој го води медијаторот на ОН Метју Нимиц.

OhridNews