Во случајот со Алипашината џамија во Охрид ќе важат законите како и за други објекти каде се преземаат градежни работи, изјави вчера во Охрид премиерот Зоран Заев.

-Ако нема одобрение за градба без разлика дали се работи за куќа, зграда, црква, џамија не треба да се гради. – рече Заев, додавајќи дека во случајот треба да постапи надлежниот инспекторат.

Алипашината џамија е објект од посебно културно значење заштитен со закон од државата, кој е во надлежност на Министертвото за култрура. Таму во тек е реконструкција која согласно издаденото конзерваторско решение предвидува изградба на минаре високо 32 метри, што предизвика реакции во јавноста. Таа бара да биде објавено решението за градба врз основа на кое се изведуваат градежни работи на објектот кој се наоѓа во охридската чаршија, што до сега не е направено.

OhridNews