Во понеделник, со почеток во 10 часот, ќе се одржи дваесет и деветтата седница на Советот на општина Охрид.

Предлог одлуката за давање согласност на одлука за задолжување на ЈП „Охридски Комуналец“ со долгорочен кредит во Охридска банка АД Охрид, предлог одлука за давање согласност на одлуката за отстапување на движни основни средства – транспортни средства, опрема и други основни средства од ЈП „Охридски Комуналец“ на ЈП „ Градски пазар“ , предлог одлука за давање согласност на одлуката за отстапување на правото на располагање, користење и управување како и правото на сопственост на недвижности од ЈП „Охридски Комуналец“ на ЈП „ Градски пазар“ , како и за давање согласност на одлуката за отстапување на движни основни средства,транспортни средства, опрема и други основни средства од ЈП „Охридски Комуналец“ на ЈП „ Погребни услуги “- се само дел од точките предвидени на дневен ред на седницата.

OhridNews