Шеесет и втората седница на Советот на Општина Охрид ѓе се одржи на  29.01.2009 година – четврток, со почеток во   11,оо  часот.
  
На дневен ред на седницата ќе се најдат 12 точки, меѓу кои и предлог  одлука за утврдување  Нацрт   ДУП  за 6  УЕ  УБ 6.2. опфат 1  општина Охрид 2008 – 2013, предлог  Одлука за усвојување на извештајот  за работа на Советот на општина Охрид за 2008 година и предлог одлуката  за усвојување на Програмата за одбележување на празници и манифестации  за  2009 година.

Советниците ќе расправаат и за утврдување на цените на услугите што ги врши ЈП „Билјанини Извори“ Охрид за одржување на фудбалските тревнати терени лоцирани на територијата на општина Охрид. На дневен ред е и предлог одлуката за формирање Општински совет за безбедност во сообраќајот  и патиштата, како и предлог одлуката  за доделување признание- почесен граѓанин на  Охрид.

На седницат ќе се расправа и по предлог одлукажите за усвојување на Програмата  за тековното работење на МЈП „ Проаква“ РЕ „Водовод“ Охрид за 2009 год,  за усвојување на Програмата  за  работа  на МЈП „Проаква“ РЕ „Колектор“  за 2009 год, за  давање согласност на Одлуката  за банкарска гаранција со заложување на МЈП „Проаква“ Струга, за усвојување на Годишниот  извештај за слободен пристап до информации од јавен карактер, за измена на одлуката за  утврдување на висината на месечниот  надоместок на членовите на советот  на општината и за отпис на основни средства – компјутери.

ohridnews