Собранието на Република Македонија денеска, во рамки на 36. седница, ќе расправа за законите за трансформација во редовен работен однос, за изменување на Законот за високото образование и за придонеси од задолжително социјално осигурување, кои треба да се донесат по скратена постапка.

На дневен ред се и предлог законите за Академијата за судии и јавни обвинители, за изменување и дополнување на Законот за Судскиот совет на Република Македонија, за Советот за утврдување факти и покренување постапка за утврдување одговорност на судија, за изменување на Законот за високообразовните установи за образование на наставен кадар во предучилишното воспитание, основното и средното образование.

Треба да се расправа и за изменување на законите за работните односи, за пензиското и инвалидското осигурување, и за здравственото осигурување, кои, исто така, треба да бидат донесени по скратена постапка.

OhridNews