
Покрај промената на седиштето, Владата е на став да се промени и бројот на единиците во состав на Универзитетот, од 7 факултети и два институти со 5 факултети.
Новата високообразовна установа би имаа факултети за компјутерски науки и инженерство, за комуникациски мрежи и безбедност, за машинска интелигенција и роботика, за информатички системи, визуелизација, дигитална мутимедијална и анимациска техника, како и факултет за информациони теории и анализи.
Во реализацијата на оваа идеја се ангажирани меѓународни експерти и професори од областа на информатичките технологии.
Како што ни изјави пратеникот од редовите на ВМРО ДПМНЕ од Охрид, Александар Николоски, новиот Универзитет за информатичка технологија во Охрид, планирано е да почне со работа од учебната 2009/10 година, како најмодерна високообразовна институција от тој тип во Југоисточна Европа.











