Собранието на Република Македонија денеска треба да ја продолжи 32 седница, на чиј дневен ред е Законот за употреба на јазиците.

Засега нема потврда дали на седницата ќе бидат разгледувани 35 000 амандмани кои ги поднесе ВМРО ДПМНЕ, која најави дека ќе присуствува на седницата.

Опозицијата смета дека Законот е противуставен, додека според власта истиот е во согласност со Уставот и не го загрозува унитарниот карактер на државата.

OhridNews