Заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Зоран Коњаноски, денеска ќе ги посети селата Требеништа и Волино, кои беа меѓу најпогодените во невремето што пред два дена го зафати охридскиот регион.

Заменик министерот ќе ги обиколи земјоделските површини кои претрпеа најмногу штета во невремето кое беше проследено со пороен дожд, град и силен ветер.
OhridNews