Заменик-помошникот државен секретар на САД, Метју Палмер, денеска е во посета на Македонија, за како што беше најавено, да разговара за американската поддршка за преспанскиот договор меѓу Македонија и Грција.

Како што претходно беше информирано од страна на Амбасадата на САД, Палмер ќе разговара за поддршката на САД за преспанскиот договор и важноста на напредокот на македонската реформска агенда.