Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против 63-годишен жител на селото Велешта, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување на општа опасност“.

Од МВР информираат дека лицето, на 16-ти октомври, во Велешта, со палење на сува трева предизвикал пожар, кој потоа се проширил и ја зафатил плевната, сопственост на друг жител на селото.

Во пожарот била опожарена кровната конструкција, бали со сено, дел од земјоделска механизација и друго, со што била причинета материјална штета од 400.000 денари.

OhridNews