
Полициските инспектори заедно со полициски службеници од полициската станица во Струга, извршија запирање на патничко моторно возило „Мини Купер“ со струшки регистарски ознаки управувано од Ф.И.(31) од струшкото село Калишта. При извршен преглед во возилото, забележани се пет вреќи со тревкаста материја завиткана во повеќе јутени и платнени опаковки. Дополнително, во предната лева врата од автомобилот, пронајдена е една мала најлонска паковка со бела прашкаста материја. При извршен претрес во домот на Ф.И. во селото Калишта, пронајдени се две црни најлонски кеси со траги од тревкаста материја. – информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.
Пронајдените предмети се одземени и предадени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје, по што ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, додава Димовски.
OhridNews
фото: Архива











