Спасувачките тимови утрово околу 4 часот по средноевропско време ја започнаа третата акција за спасување на преостанатите четири деца и тренерот од пештерата на Тајланд, каде тие се заробени од 23 јуни.

Во текот на вчерашниот ден беа спасени четири деца, а уште толку пред два дена.

Во меѓувреме преку спасувачите тренерот на младите фудбалери Акапол Чантавол им испрати писмо на родителите, во кое жали за настанатата сутуација.

„Драги родители,

Сите деца се добро. Тука се луѓето кои навистина добро се грижат за нас. Ветувам дека ќе се грижам за децата најдобро што можам. Ви благодарам за вашата поддршка. Ротители, навистина ми е жал.“ – напиша тој.

Родителите веднаш му вратија писмо, кое го трогна светот.

„Мил Аке,

Ние, родителите на членовите на фудбалскиот клуб, веруваме во тебе и во твојот дух, веруваме дека добро си се грижел за нив. Само сакаме да знаеш дека ова не е твоја вина. Ние не те обвинуваме и сакаме и ти да не се обвинуваш себе си. Ја сфаќаме ситуацијата што се случи и те поддржуваме. Ја цениме твојата поддршка и грижа за децата. Ги чекаме вестите дека сите живи и здрави сте излегле од пештерата, што побрзо, тоа подобро.“ – стои во писмото на родителите.

OhridNews