Утрово во расадникот на ЈП „Охридски комуналец“ започна реализацијата на проектот „Цветни балкони – Цветен Охрид“, акција која општина Охрид традиционално ја организира секоја година по повод Светскиот ден на животната средина, 5 Јуни.

Во рамките на овој проект ќе бидат поделени 400 жардиниери со саксиско цвеќе на жителите кои живеат на следните улици: ул.„Прилепска“, ул.„Винковачка“, ул.„Будва“, ул. „Радојца Новичиќ“ и ул.„Кленоец“.

Граѓаните од гореспоменатите улици кои се заинтересирани за жардинери со цвеќе, истото можат да го подигнат во расадникот на ЈП „Охридски Комуналец“ Охрид денес и утре од 9 до 13 часот, а со себе треба да носат копија од лични документи (лична карта или пасош) за идентификација од кои ќе биде видлива адресата на живеење.

OhridNews