Од денес започна да функционира амбулантата во Љубаништа која ќе работи секој ден од 10 до 18 часот. Како што информира директорот на Здравствен дом, Митко Дабески, станува збор за мобилна екипа составена од лекар, сестра и шофер кои  ќе можат за кратко време  да интервенираат на околните плажи.

– Неодамна започна да функционира и амбулантата во Пештани, еве сега и во Љубаништа. Со ова ќе се придонесе кон поголема мобилност и брза интервенција на населбите и плажите во околината на Љубаништа. Ќе се реагира согласно локацијата од каде се прима повикот, доколку е поблиску до Пештани тогаш кон местото каде е потребна помош ќе се упатува екипа од амбуланатата од Пештани, објаснува  Дабески.

Двете амбуланти ќе работаат до септември.

Амбулантата во Пештани во текот на летната сезона работи секој ден, од 8 до 20 часот во текот на викендите, како и од 8 до 15 часот во текот на работните денови. Во текот на деновите од викендот дежурствата ќе ги спроведуваат матични лекари што ќе ротираат во две смени, додека во работните денови здравствените услуги ќе ги вршат лекари од Здравствен дом- Охрид.

OhridNews