Утрово започна генералната акција за чистење на диви депонии на територија на Општина Охрид, информира градоначалникот Кирил Пецаков на својот фејсбук профил.
Се чистат диви депонии на девет локации, кои беа мапирани од страна на ЈП „Охридски комуналец“, а во акцијата учествуваат сите општински јавни претпријатија, со луѓе и механизација, информира градоначалникот Пецаков.
Дополнително, додава Пецаков, ангажирана е и механизација од страна на економските оператори со кои општината има соработка.
OhridNews














