Наталожено со сериозни проблеми и бројни забелешки од еснафот, Здружението на туристички водичи на Македонија деновиве согласно овластувањата од Министерството за економија започна да ги издава новите легитимации за работа.


Започна  издавањето на легитимации за туристичките водичи

Првите легитимиции се доделени и на туристичките работници од Охрид, каде оваа дејност ја обавуваат околу 60-на лица. Тие на последниот состанок упатија низа критики на адреса на националното здружение, кое според нив е формирано без  знаење на сите што ја вршат дејниоста, што според нив го оспорува неговиот легитимитет.

Од друга страна стручната јавност реагира на критериумите според кои се добиваат дипломи за вршење дејност туристички водич. Според неа,  има туристички водичи кои не се доволно стручни, немаат соодветно образование, и немаат доволно познавање на странските јазици, а ја интерперетираат македонската историја пред странски гости. Оттаму стручњаците бараат надлежните институции да обратат поголемо внимание и да ги подигнат критериумите за доделување дипломи и легитимации за вршење на дејност  туристички водич. Од тоа според нив  корист ќе имаат и самите туристички водичи, бидејќи нивниот углед е сериозно нарушен токму од нестручни поединци со кои се идентификува целата фела.

Ohridnews