Вчеравечер во Вевчани започна големата прослава за одбележување на празникот Василица. Музичката програма започна со настапот на „Слаткаристика“, по што настапи еден од најпопуларните регионални бендови „С.А.Р.С.“, како и групата „Брас Брадерс“ од Македонија.

Попладнево, присутните во Вевчани имаат можност да ја проследат најголемата атракција на Вевчанскиот каневал- карневалската поворка и василичарите.

Вечерва, со почеток во 21.30 часот, во рамки на музичката програма, сцената во Вевчани е резервирана за ѕвездите на македонската народна музика: Есма Реџепова и Наум Петрески, како и групата „Инфузија“ и „Перо Бели“.

Во четврток, во 14 часот ќе се изврши традиционалното палење на маските.

OhridNews
Фото:Мега Продукција