Подготовките за 20-то јубилејно издание на традиционалниот турнир во мал фудбал „Велгошти 2025“ се во полн ек.
Во тек е пријавувањето на екипи што ќе трае до 13 јули. Котизацијата изнесува 4000 денари, а по истек на рокот пријавување нема да се врши, истакнуваат од организацискиот одбор.
Организаторот годинава обезбеди богат награден фонд од 320 000 денари, највисок до сега.
Победникот ќе инкасира 200 000 денари, второпласираната екипа ќе добие 80 000, третопласираната 30 000, а четвртопласираната 10 000 денари, информира организаторот.
Покрај овие, ќе бидат доделени и награди за најдобар играч и најдобар голман на турнирот во мал фудбал “ВЕЛГОШТИ 2025”.
Ждребката за групите ќе се одржи во Домот на култура во Велгошти во 20:00ч. на 13 јули.
Минатата година турнирот во Велгошти го освои екипата на Кафе бар 9 која во финалето го совлада Бел Мерцедес со 6:0. Во малото финале, претходно, АСП ПАК со идентични 6:0 ја совлада екипата на Дооел Ноче.
Турнирот „Велгошти 2025“ е поддржан од Општина Охрид и Кирил Пецаков – Градоначалник на Општина Охрид.
Традиционално, медиумски партнер на турнирот и оваа година ќе биде Охридњуз.
Г.М.