Подготовките за 20-то јубилејно издание на традиционалниот турнир во мал фудбал „Велгошти 2025“ се во полн ек.

Во тек е пријавувањето на екипи што ќе трае до 13 јули. Котизацијата изнесува 4000 денари, а по истек на рокот пријавување нема да се врши, истакнуваат од организацискиот одбор.

Пријавување на екипи на тел: 072 751 196 – Благоја I Жиро сметка: 250-0003008837-32 Шпаркасе банка

Организаторот годинава обезбеди богат награден фонд од 320 000 денари, највисок до сега.

Победникот ќе инкасира 200 000 денари, второпласираната екипа ќе добие 80 000, третопласираната 30 000, а четвртопласираната 10 000 денари, информира организаторот.

Покрај овие, ќе бидат доделени и награди за најдобар играч и најдобар голман на турнирот во мал фудбал “ВЕЛГОШТИ 2025”.

Ждребката за групите ќе се одржи во Домот на култура во Велгошти во 20:00ч. на 13 јули.

Минатата година турнирот во Велгошти го освои екипата на Кафе бар 9 која во финалето го совлада Бел Мерцедес со 6:0. Во малото финале, претходно, АСП ПАК со идентични 6:0 ја совлада екипата на Дооел Ноче.

Победникот на турнирот во 2024 – екипата на Кафе бар 9

Турнирот „Велгошти 2025“ е поддржан од Општина Охрид и Кирил Пецаков – Градоначалник на Општина Охрид.

Традиционално, медиумски партнер на турнирот и оваа година ќе биде Охридњуз.

Г.М.